fbpx

Повеќе од четири недели дупките на улиците на населбата Топанско Поле во Општина Чаир се отворени.

Граѓаните се жалат дека овие дупки предизвикуваат хаос во сообраќајот, загрозувајќи ги жителите од оваа населба.

„Децата нема каде да поминуваат. Можеби чекаат да дојдат изборите и да гласаат. За интерес“, реагираат граѓаните.

Од општината Чаир се правдуваат дека работата е блокирана поради пандемијата.

„Причината за доцнењето во реализацијата на работите лежи во фактот дека динамиката на реализација на работите е под влијание на состојбата со вирусот Ковид 19 , за време на која ангажираниот економски оператор за изведување на работите беше принуден да работи со намален број на работниците на терен”, наведуваат од општината.

Откако екипата на ТВ Алсат беше во оваа населба, по еден месец се активираа  и машините за асфалтирање на дупките.

Мефаил Исмаили

Shpërndaj me

Loading...