fbpx

Протести во неколку градови против порастот на цената на електричната енергија. Во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар и Кичево протести се одржаа вечерва, додека во Куманово се протестираше во текот на денот.

Во Тетово протестот помина мирно. Организаторите потсетија дека 10-дневниот рок кој на властите им беше даден за да почнат да исполнуваат некои од барањата, завршува следниот четврток.

„Ако до тој ден не видиме позитивни сигнали, било од Владата, било од Регулаторната комисија или од другите органи до кои ги упативме барањата, тогаш ќе немаме повеќе легитимитет да собираме илјадници граѓани на мирни протести. Се плашам дека се стеснува просторот за мирни протести и без наше сакање ќе им отвориме пат на радикални дејства, на палење на приватниот или јавниот имот на компанијата или државата.“

Барањата на демонстрантите остануваат непроменети. Се бара укинување на одлуката, поевтинување на струјата од 46% за време на пандемијата, потоа се бара Собранието да формира ново тело наместо Регулаторната комисија, што според нив, ќе работи во корист на граѓаните. Демонстрантите од Владата бараат да се намали ДДВ-то за струјата од 18% на 5%, како што се случи со централното греење. Ова е втор протест, откако првиот протест се организираше во Чаир, Тетово, Гостивар и Куманово.

Adi Qaili

Shpërndaj me

Loading...