Невина сум – рече Катица Јанева во денешниот завршен збор за случајот „Рекет“. Поранешната специјална обвинителка посочи дека обвинението против неа се темели на сведочење на сопружниците Камчеви за кои рече дека се „дно“. Орце Камчев сакал да соработува со СЈО. Јанева знаела како што вели дека е валкан и злобен играч, но не можел да ја купи. Јанева праша каде е доказот дека Камчев извадил над милион евра за да ги поткупи.

„Ако обвинителството покажеше фотографија од мене со шеќер, тогаш ќе значеше дека шмркам кокаин кој ми го дал Орце“, рече Јанева.

Јанева посочи дека, обвинителството на Вилма Русковска не пронашло ниту денар од парите. Ги немало ниту 50 – те илјади евра за кои обвинителството тврдеше дека Јанева ги зела, а го докажуваше преку фотографија на Катица со пари. Екс-шефицата на СЈО, беше лута што на завршните зборови не дошла Русковска, тука праќала други обвинители.

„Обвинението ù го распарчивме како баница. Требаше да дојде да се срами застапникот на обвинението“, додаде Јанева.

Адвокатите на Јанева, очекуваат ослободителна пресуда.

„Единствено ослободителна пресуда, нема други очекувања, зашто нема докази. Каде се парите, пари не видовме ние во овој предмет, а наводно се дадени 1,5 милиони евра“, рече рена Фрчковска, Адвокат на Катица Јанева.

„Не сакаме да се сомневаме во позадини, не би требало такво нешто да постои“, додаде Дељо Кадиев, Адвокат на Јанева.

Боки 13 и Катица Јанева пресудата за „Рекет“ ќе ја чујат на 18 – ти месецов. Веќе осуден е Зоран Милевски – Кичеец на три години затвор.

Бојан Стојановски

Shpërndaj me

Loading...