fbpx

Високиот степен на загадување на воздухот го зголеми бројот на пациентите низ болниците во земјава. Лекарите велат дека во текот на месецот, бројот на пациентите се зголемил тројно. Проблемот кај сите пациенти е сличен, најчесто тоа е дишењето. Лекарите велат дека лошиот квалитет на воздухот најмногу ги погаѓа дечињата, и им прави вирози кои лесно ги зафаќаат белите дробови.

Алсат М дознава дека детската болница во Козле нема капацитет за прием на пациенти. Лекарите алармираат дека покрај децата со хронични проблеми со белите дробови и со послаб имунитет, бројот на болни деца кои никогаш порано немале проблем со дишењето е видно зголемен. Инаку, во четврток се очекува Министерството за образование заедно со Министерството за екологија и други надлежни институции да излезат со препораки и конкретни мерки за заштита на здравјето од зголеменото ниво на загадување на воздухот.

Вјолца Алити

Shpërndaj me

Loading...