fbpx

Ако не по немањето снег, оваа зима ќе се памети и по енормното загадување на воздухот. Барем ова го покажуваат индексите за мерење на квалитетот на воздухот, а кои нашата земја ја редат на врвот на светската листа. Според заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, сè уште не е пречекорен лимитот и оти мерки се преземаат според индексот од системот за мониторинг на загадениот воздух.

Минатата зима Град Скопје четири пати прогласуваше вонредна состојба поради загадениот воздух по што беа преземани мерки во режимот на сообраќај, намалување на работата на фабриките од тешката индустрија, а беше одложен и почетокот на второто полугодие. Граѓаните се загрижени и поради увозот на токсичен отпад за согорување на кое екологистите го гледаат како голем загадувач. Но, градоначалникот на Скопје не знае дали во депонијата Дрисла бил пален и увезен отпад.

Според податоците од Заводот за статистика, од вкупно 8.2 милиони тони отпад кој во 2014 влегол во земјава од странство, над 7.4 милиони тони биле увезени од Бугарија. Но, заменикот министер Макрадули вели дека повеќе извезуваме отколку што увезуваме отпад, наведувајќи дека само од фабриката ОХИС биле извезени 15 тони токсичен отпад во Европа.

Одложувањето на гласањето на законот за управување со отпад се смета како интерес на функционерите кои прават бизнис со отпадот, тврди пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ како иницијатор за измената на членот со кој се бара забрана за увоз на отпад за горење. Според неа, нема логика Собранието да бара дополнително време за да не се прекрши Конвенцијата од Базел каде се вели дека една држава која извезува отпад е должна и да увезува отпад од странство.

Аднан Ќаили

Shpërndaj me

Loading...