fbpx

И покрај очигледното зголемување на бројот на пациенти во болници, како резултат на загадувањето на воздухот, лекарите велат дека во декември и јануари, се очекува овој број да се зголеми уште повеќе. Во моментов во болницата за белодробни заболувања во Козле, бројот на хоиспитализирани деца е над 60. Раководителите на оваа здравствена установа велат дека ес зголемува бројот на заболени кога се зголемува нивото на загадување на воздухот.

Директорот на болницата, додава дека планира соработка со други болници во случај да се зголеми бројот на заболени и го надмине капацитетот на болницата.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во текот на зимата, кога нивото на загаденоста е поголемо, 60% од заболувањата кај децата се поврзани со белите дробови и дишните органи, додека оваа бројка кај возрасните е до 20%. Оние кои најмногу страдаат од загадениот воздух се хронично болните, децата и бремените жени.

Вјолца Алити

Shpërndaj me

Loading...