fbpx

Претставниците на граѓанскиот сектор сметаат дека мерките на Министерството за екологија и Градот Скопје ќе бидат краткорочни и оти не го решаваат проблемот со загадувањето на подолг временски период. Од коалицијата „За чист воздух“ бараат да се подготви системска стратегија која точно би ги открила загадувачите на воздухот и потоа да се започне со спроведувањето на долгорочни мерки кои би го решиле проблемот.

Активистот Јане Димески смета дека за спроведување на предложените мерки во домашните институции треба уште поголема посветеност на Владата и повеќе пари од државниот буџет.

Вчера министерот за екологија и скопскиот градоначалник претставија неколку мерки за кои сметаат дека ќе придонесат за намалувањето на нивото на загадување на воздухот. Меѓу другото тука спаѓаат плановите за субвенционирање на поставувањето на филтри во институциите, греење на пелети, намалување на цената на билетите за превоз, поскапување на паркинзите и забрана за сообраќај на возилата кои најмногу загадуваат. Мерните станици последниве денов покажуваат високо ниво на загаденост на воздухот во Скопје, Тетово, Куманово и Велес.

Вјоцца Алити

Shpërndaj me

Loading...