Автобуската станица во Скопје остана празна. Поминаа два месеца откако меѓуградските линии прекинаа со работа. Пандемијата сериозно ги погоди како патниците, така и компаниите за превоз на патници. Големи загуби има и приватната компанија, која управува со оваа станица. Марија Костова вели дека не знаат кога ќе започнат со работа.

Возачите на комбињата што ги сретнавме на пероните, ни кажаа дека не е профитабилно да се вози со половина капацитет. Претставниците на компанијата велат дека 50% од билетите е за трошоците.

Има поплаки и од патниците.

-Дали патувате често?
Не, затоа што немаше превоз.

-Секој ден патувате од Скопје до Кавадарци?
Не, ретко дури и за прв пат. Не ме интересира за вирусот, само ги следам мерките и тоа е тоа.

Од Владата велат дека го подготвуваат протоколот за меѓуградскиот превоз, но не најавуваат датум кога ќе се нормализира патничкиот превоз, под строги здравствени мерки.

Аднан Ќаили

 

Shpërndaj me

Loading...