Ако земјата не добие датум за преговори со ЕУ, владата би можела да се распушти. Ова го најави премиерот Зоран Заев за време на престојот во Австрија. Во изјава за српсата новинска агенција Танјуг, Заев вели дека земјата нема алтернатива и дека идните влади ќе останат фокусирани на ЕУ. Тој рече дека ЕУ не може да очекува дијалог од Приштина и Белград сè додека не ги оцени достигнувањата на Скопје со Атина и Софија.

Опозицијата нема планови како ќе предизвика предвремени избори, но тие велат дека епилогот од неуспехот на оваа Влада се избори што ќе ја испратат Владата во историја, бидејќи, како што велат од опозицијата, таа е заглавена во криминал и корупција.

Одбивајќи го барањето на опозицијата за предвремени избори, премиерот Заев деновиве рече дека предвремените избори ќе влијаат врз економскиот развој во земјава.

Adrian Kerimi

Shpërndaj me

Loading...