Политичките партии се потсмеваат со идејата на ДУИ за премиер Албанец. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека ако неговата партија победи на изборите, тој ќе биде мандатар. Ако ДУИ го постави како услов Албанец за премиер, Заев вели дека партијата на Ахмети нема да биде дел од следната влада.

„Ако ДУИ има ваков услов за владина коалиција, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната влада“.

Алијанса за Албанците се потсмеваше со идејата на Ахмети. Според нив, Ахмети зборува за премиер Албанец, а бега кога се гласа за претседател Албанец на Собранието и го бојкотираше кандидатот Албанец за претседател.

 „Али Ахмети зборува за премиер Албанец, го бојкотира претседателот Албанец и бега од гласањето за Албанец за претседател на Собранието“.

Од ВМРО ДПМНЕ оценуваат дека идејата за мандатар кој не е на избирачка листа на следните избори е нивна, и така нивниот лидер Христијан Мицкоски ќе биде мандатар за премиер.

 „Гледаме дека идеи како на ВМРО ДПМНЕ ќе имаат и СДСМ и ДУИ. Конечната одлука ќе ја донесат граѓаните“ .

Движењето Беса вели дека премиер Албанец во Македонија е можен, но не со ДУИ на власт.

 „Пласирањето на оваа идеја повеќе личи на оправдување. ДУИ знае дека ќе оди во опозиција“.

Идејата на Ахмети за првиот премиер Албанец на Македонија дојде на 18 -годишнината од формирањето на ДУИ.

Adrian Kerimi

Shpërndaj me

Loading...