fbpx

Носителот на пратеничката листа за ИЕ 4 од СДСМ Зоран Заев, денеска од Кавадарци потсети што реализирале за време на своето владеење, но најави и нови проекти меѓу кои и изградбата на хидроцентралата Чебрен, проект вреден 800 милиони евра. Заев вети дека во следниот период ќе почне и изградбата на фотоволтаици на домовите, како и на прочистителни станици. (Изјава)

„Градиме 260 км автопатишта, градиме 300 км експресни патишта, рехабилитираме повеќе од 1.500 км, постоечки патни правци. Гасот како енергенс го носиме до домовите и  компаниите уште повеќе за почист воздух,  за пониски сметки за енергија. Продолжуваме со изградба на прочистителни станици на нови водоводи и канализации. Да го подигнеме стандардот на највисоко ниво. Градиме модерен клинички центар во Скопје за уште повеќе да го зајакнеме здравствениот систем. Фотоволтаици се градат во целата држава , 62 мегавати се завршена постапка и процедура“ -изјави Зоран Заев, носител на ИЕ 4 од СДСМ.

Shpërndaj me

Loading...