fbpx

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, реагираше на аудио снимката објавена денеска. „ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови. Тоа е мојот став денес, беше мој став и тогаш, во времето кога е снимен разговорот, а објавен денеска. Имаа 20 пратеници, се преполовија на 10, на овие избори ќе имаат уште помалку. Сепак и покрај тоа што ДУИ не вреди пет пари, на 27 април 2017 година со сопствен живот го бранев животот на Талат Џафери. Јас сум ја покажал и докажал мојата љубов и почит кон Албанците на дело. Не само со зборови туку и на дело. Го донесовме Законот за јазици, се грижиме за сите заедници, прв сум ги повикал Македонците да гласаат за Албанци и Албанците за Македонци. Целата јавност слушна дека јас не го изговарам никаде тој збор што е навредлив за моите сограѓани Албанци, туку тоа го прави соговорникот во снимениот разговор. Објавата на оваа срамна манипулација уште еднаш докажува дека глас за ДУИ е глас за Мицкоски и Груевски“, се вели во реакцијата на Зоран Заев.

Shpërndaj me

Loading...