Едно од можните сценарија за одржување на кампањата за парламентарните избори е дека таа би можело да се одржи најрано во јули, прогнозира лидерот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат.

Како што вели Заев, август е период на одмори, па може да се помести и за периодот потоа.

„Јули е едно од можните сценарија, август обично никогаш не се држи…, извесни се и септември и октомври, како и редовните термини за изборите, тоа се крајот на ноември и декември, што се исто така соодветна опција“, рече Заев.

Shpërndaj me

Loading...