fbpx

Гоце Делчев – Македонец или Бугарин. Премиерот Заев е оптимист дека наскоро ќе се надминат разликите меѓу Скопје и Софија. Тој рече дека ќе ја оствари својата прва официјална посета на Софија пред самитот кој е дел од Берлинскиот процес а е закажан за 10 и 11 ноември во главниот град на Бугарија.

Новиот амбасадор на ЕУ, Дејвид Гир, не кажа како ќе се рефлектира меморандумот на Бугарија во преговарачката рамката што се подготвува за Македонија во Европскиот совет, ниту пак дали другите земји-членки дале дополнителни забелешки. Гир изрази  оптимизам дека рамката ќе се усогласи наскоро, за преговорите официјално да започнат до крајот на годината.

„Јас не сум во позиција да зборувам за дискусијата што се одвива внатре во Советот. Да се фокусираме на важните прашања! Историската одлука за почеток на преговори за членство со Северна Македонија беше донесена во март. Европската комисија потоа ја  претстави нацрт-рамката за преговори. Ова беше дискутирано од земјите-членки, треба да се согласат и потоа да се одобри на првата меѓувладина конференција. Се надеваме дека ќе се одржи што е можно побрзо, а потоа ќе ги засукаме ракавите и ќе ги забрзаме реформите за членство во ЕУ“, рече Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ.

Амбасадорот Гир ја охрабри земјата да ги спроведе договорите што ги потпиша со Бугарија и Грција и да спроведе реформи, особено во владеењето на правото. Заев, пак, вети дека нема да дозволи понатамошно одложување на патот кон членството во ЕУ. Тој рече дека очекува преговарачката рамка да биде усвоена на 10 ноември и првата меѓувладина конференција да се одржи во декември.

Анеса Салиу

Shpërndaj me

Loading...