fbpx

Премиерот го повика претседателот да го потпише Законот за употреба на јазиците. Заев го обвини Иванов дека со ваквите постапки покажува дека може да ја блокира работата на Собранието.

Од 14 март Иванов го чува во фиока Законот за употреба на јазиците, дури и по неговото трето одобрување во Собрание. Спикерот Талат Џафери, неколку пати тврдеше дека може само тој да го потпише законот и да го достави до Службениот весник, бидејќи според него, во тој случај ќе нема никакво законско прекршување. Но, не се исклучува можноста законот да остане заложник сè до изборот на новиот претседател во првата половина следната година. Оваа опција не ја исклучуваат ниту функционерите на ДУИ кои се свесни дека може ќе треба да се чека потпис од следниот претседател на државата. Законот за употреба на јазиците за прв пат беше изгласан на 11 јануари, а на 14 март по втор пат откако беше вратен во трето читање. Во оваа фаза, иако опозициската партија имаше поднесено повеќе од 35.000 амандмани, дебатата беше затворена без да се разгледа ниту еден од нив. Законот во трето читање се изгласа во напната атмосфера меѓу поранешниот премиер Никола Груевски и спикерот Талат Џафери.

Врз основа на одобреното законско решение, употребата на албанскиот јазик е регулирана со терминот „јазик што го зборуваат над 20 проценти од вкупното население во Македонија“.

Адријан Керими

Shpërndaj me

Loading...