fbpx

На собир на коалицијата предводена од СДСМ во Крива Паланка, лидерот на партијата Зоран Заев порача дека ќе ја победи ВМРО-ДПМНЕ со разлика од 50.000 до 120.000 гласови. Заев пред граѓаните ги набројуваше досегашните ефекти од 4 годишното владеење – во делот на економијата, социјалата, влегувањето на НАТО и отворање на прговарачката рамка во Европската унија.

Докажавме дека можеме. Ја дигнавме економијата, ја развиваме инфраструктурата насекаде. Истокот не се градел никогаш од ‘91 досега како сега што се гради. И не само патиштата, железницата беше замрзната, застаната. Ја раздвиживме. Се гради гасификацијата 80 насто е изградена примарна и секундарна гасификација во државата, насекаде. Насекаде. Паланка го има гасот одамна покрај тоа што поминува цевководот. Но, стигната е долу кај Гостивар и Кичево“-изјави Зоран Заев, СДСМ.

Shpërndaj me

Loading...