Лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат рече дека останува на ставот за намалување на платите во администрацијата на минималецот од 14.500 денари, но оти последниот збор за тоа ќе го имала владата.

На конкретното новинарско прашање – дали останува на ставот, Заев одговори:

„Останувам затоа што сум сериозно свесен за состојбата во државата…но уште еднаш потенцирам, партиите се едно, владата е друго, владата е државата, владата е над сите. Партиите може да сугерираат, но одлуката ја носи владата“, рече Заев.

Shpërndaj me

Loading...