fbpx

Преговорите за членство во ЕУ може да траат 5, 6 или 7 години, во зависност од резултатите што ќе ги покаже Северна Македонија, но и во зависност од фокусот на ЕУ кон ова прашање, рече премиерот Зоран Заев на форумот што се одржува во Атина. во организација на „Економист“. Заев додаде дека во овој контекст, пред да очекува поддршка од земјите од Северна Европа, очекува поддршка од соседните земји, Грција и Бугарија, но и од другите земји во регионот.

Премиерот истакна дека по договорите со Бугарија и Грција, Северна Македонија е земја што разви огромно пријателство со сите соседи, а говорејќи за европската перспектива објасни дека нашата земја, заедно со Албанија, очекува во декември да почне преговори со Европската Унија и додаде дека германското претседателство и канцеларката Меркел се посветени на овој процес.

 

Shpërndaj me

Loading...