fbpx

Комисијата за европски прашања ги усвои Предлог-законот за јавно обвинителство и Предлог-законот за Совет на јавни обвинители. При разгледувањето на амандманите, Алијансата за Албанците побара од членот 110 од законот да се отстранат одредбите кои предвидуваат нелегално прислушувани разговори повеќе да не се користат како докази во постапките. Според пратеникот Сурија Рашиди, зад членот 110 се крие амнестија.

„Конечниот предлог на законот да се измени особено членот 110 и дилемата што ја имаме е дека преку членот 110 се прави обид за амнестија на криминалот и криминалците“-изјави Сурија Рашиди, пратеник на АА.

Мнозинството во комисијата не го прифати амандманот. Министерката за правда, Рената Дескоска истакна дека прифаќањето на овој амандман би ја отворило Пандорината кутија.

По одбивањето, албанската опозиција ја напушти сеедницата на комисијата. Во меѓувреме, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски ја обвини власта дека преку членот 110 се обидува да ја избегне одговорноста на функционерите на СДСМ. Од говорницата, Милошоски објави прислушуван разговор во кој алудираше дека лидерот на СДСМ разговара со друго лице околу финансирање на телевизијата на Боки 13.

Инаку, парламентарното мнозинство верува дека обезбедило 80 гласови потребни за усвојување на двата системски закона. Артан Груби вели дека сите барања на ДУИ биле прифатени, вклучително и употребата на албанскиот јазик и намалувањето на критериумите за избор на обвинители.

„Со оглед на тоа како се одвиваше дебатата во комисијата и атмосферата во рамките на пратениците, верувам дека имаме 80 гласови. На следната седница овие два закона и некои други закони што треба да ги завршиме за време на овој мандат, со цел да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ во март или мај”-рече Артан Груби, пратеник на ДУИ.

Двата закона веќе преминуваат на пленарна седница. Но, Алијансата за Албанците и Движењето Беса најавија дека нема да поддржат закон, кој според нив, преку членот 110 предвидува прикриена амнестија.

 

Адријан Керими                             

Shpërndaj me

Loading...