Претставниците на занаетчиската комора денеска побараа од Владата и за нив да има минимална плата која нема да ја враќаат, а ќе се исплаќа се додека трае пандемијата. Тие велат дека досега не биле вклучени во ниту една владина мерка.

„Занаетчиството е во тешка состојба. Ги пренесовме нашите забелешки и барања кои сметаме дека треба да се исполнат. Од страна на министерот беше кажано дека сите наши барања ќе бидат разгледани и прифатени со цел да им помогнеме на занаетчиите да ги задржат дуќаните отворени и да ги задржат работните места“, рече Агрон Фазлији- Претседател на Занаетчиска комора.

 

Shpërndaj me

Loading...