fbpx

Полицијата го испитува случајот со намерното палење на две возила на компанијата ЕВН, а 43-годишно лице со иницијалите К.О. од Тетово заврши зад решетки. Осомничениот бил приведен само 10 минути по избувнувањето на пожарот во кој две возила на ЕВН беа опожарени на две различни локации во Тетово. Пријавена е само материјална штета.

„Синоќа околу 01.20 часот припадници на полицијата од СВР-Тетово го лишиле од слобода лицето К.О. 43 години од Тетово, кој е осомничен дека претходно запалил две возила „Дачија Дастер“ и возило „Нисан“ и двете со скопски регистарски таблички во сопственост на ЕВН-Македонија.“

 Пожарите биле подметнати во периодот од 00.40 до 01.10 часот на улицата „Иво Лола Рибар“ и улицата „180“ во Тетово. Откако локални жители го пријавиле случајот интервенирале пожарникари. Но, пламенот зафатил и друго возило „голф“ со тетовски регистарски таблички. За инцидентите се јави ЕВН со осуда за ваквиот чин.

„Ние ги осудуваме сите форми на насилство и вандализам. И покрај тоа што сторителот е уапсен, ЕВН презеде мерки за заштита на своите вработени и имот. Имаме разбирање за мирни протести, иако не знаеме зошто се тие насочени против нас. Во исто време, остро го осудуваме секој вид говор на омраза што може да доведе до насилство, како што се случи синоќа.“

 Организацискиот совет на протестите се огради од инцидентот со тврдење дека пожарите биле подметнати за да се намали влијанието на протестите.  Инаку, оттаму велат дека крајниот рок од 10 работни дена да се повлече барањето за зголемување на цената на електричната енергија е еден вид „примирје“. За време на протестот имаше извикувања како „Бугарија не е далеку“, алудирајќи на сличните протести против поскапата цена на струјата кај нашиот источен сосед.

 

Подготви: Аднан Ќаили

Shpërndaj me

Loading...