Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата на Алсат дека 103 припадници на полицијата превентивно се ставени во самоизолација поради контакт со 14 нивни колеги кои резултирале позитивни на Ковид 19. Седуммина од заболените се припадници на Единицата за брзо распоредување при МВР, а останатите 7 се од други единици меѓу кои и еден припадник на Единицата за специјални задачи, тројца од СВР Скопје, двајца од СВР Тетово.

„Има голем дел коишто биле во контакт со лицата од ЕБР, тука спаѓа и персоналот на одморалиштето во Охрид, затоа што овие лица од ЕБР престојувале во одморалиштето во Охрид коешто во моментов е и затворено поради тоа“, рече Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Ниту еден од досега заболените припадници на МВР од коронавирусот  нема тешка клиничка слика. Најголем дел од нив болеста ја поминале без поголеми компликации.

Премиерот Оливер Спасовски и денеска посочи дека мора да има сериозност во заштитата при работењето на вработентие во сите институции и оти и полицијата треба да ги почитува здравствените мерките, но да има и контрола над нив. Затоа најави дека освен во градинките, скрининг ќе се прави и во други институции.

Весна Велкова

Shpërndaj me

Loading...