Интензивно ја следиме ситуацијата во однос на отворањето на границите и интензивно разговараме билатерално со претставници на околните земји, но засега нема препорака која би потекнала од анализа на нашите случаи дека би вовеле некакви дополнителни рестриктивни мерки, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Бројот на заразени во градот Скопје е во континуиран пад, но имаме нови случаи во други градови, во околината на Тетово и на Гостивар, во Штип не многу, но сѐ уште има, како и во Ресен и Битола. И тоа се уште ја одржува бројката на заразени нешто повисока. Факторот на преносливост вчерашниот ден заклучно со викендот кога ги правевме последните анализи е под единица и многу е битно така да опстане. Апсолутно сите случаи се резултат на непочитување на мерките. Мора сите да сфатат дека само така ќе се извлечеме од оваа криза, рече Филипче на новинарско прашање по посетата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, кој е нов КОВИД центар.

 

Shpërndaj me

Loading...