fbpx

Вкупната заштеда за потрошена струја на 108 јавни објекти кои во изминатиов период поставиле фотоволтаици изнесува 190 илјади евра. Вакви системи досега се поставени на 68 училишта, од кои 11 средни и 57 основни ширум земјава. Покрај училишта, фотоволтаични системи се поставени и на градинки, спортски сали, здравствени домови и слично во рамките на заложбите на државата за користење на еколошки извори на енергија.

„Со проектот за поставување на фотоволтаични системи во 38 општини во 108 јавни објекти се зголемува производството на соларна енергија и се намалуваат трошоците за електична енергија. Проектот го реализираше МСИ поектната единица при министерството за финансии со ИПА гранд почнувајќи со проектна документација, преку обезбедување на потребни одобренија и дозволи па се до целосна инсталација на системите. Вкупната вредност на зафатот е 87,6 милиони денари или  1,4 милиони евра“, рече  Нина Ангеловска- министерка за финансии.

Shpërndaj me

Loading...