fbpx

Во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, министерот за финансии, Фатмир Бесими, во свој коментар на најавите за ограничување на трошењата на министрите од картичка, што ги кажа вицепремиерот Љупчо Николовски, рече дека секој предлог за подобрување на состојбите во буџетот се добредојдени.

„Секој предлог, секоја иницијатива што ќе значи намалување на несуштински, непопуларно кажано, трошоци од буџетот, за министерството за финансии е добредојдена затоа што тоа значи подобро дизајнирање на буџетот од аспект на економскиот развоен импакт на буџетот“, рече Бесими.

Вицепремиерот Николовски најави донесување на систем со кој ќе се утврдува износот на платежната картичка со која ќе располагаат министрите.

 

Shpërndaj me

Loading...