fbpx

За речиси две децении, од 2000 до 2017 година, охридскиот туризам забележал загуби од 3 милијарди долари приходи, за разлика од генерираните 2 милијарди во истиот овој период. Дополнително загубите се проценуваат на 11 милиони ноќевања, што е голема бројка за Охрид. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето кое го спроведе Факултетот за туризам во Охрид, а на барање на општината. Сето ова е резултат на неостварените, а очекувани ноќевањa.

„Тоа е една сериозна сума, ако се земат во предвив тука и оние индиректни ефекти или обртот кој може да настане за националната економија. Тоа доаѓа до бројка од 6 милијарди долари загубени за национална економија, да не речеме еден половина буџет на Република Македонија… Ние требаше да имаме околу 5 милијарди вкупно во овој перид, а имаме само два“, рече Александар Трајков-професор на факултет за туризам Охрид.

Беа предложени мерки како да се ублажи ваквата состојба.

„За странските туристи имаме веќе субвенции. Слични мерки треба да се донесат и за домашните туристи. Ако ги видиме некои од најразвиените туристички држави, ќе видиме дека таму поголем број имаме на домашни туристи одошто на странски туристи….“, рече Цветко Андреески-декан на Факултет за туризам Охрид.

Анализите покажуваат дека на годишно ниво Охрид генерира помеѓу 150 и 160 милиони долари приходи од туризмот, а најдобра била 2014 година со 170 милиони долари. Очкувањата се дека оваа година ќе има пораст на странските туристи за 12,5% , а на домашните за само околу 3%. Инаку туризмот во Охрид во моментот учествува со само 1,4% од вкупниот БДП.

Мики Трајковски

Shpërndaj me

Loading...