fbpx

Иако извештајот од ЕК за напредокот на Македонија се очекува да биде охрабрувачки за земјата, во него ќе има критики и за власта и за опозицијата. Претседателот на Евроатланскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани, смета дека владата е свесна за точките за кои ќе биде критикувана од Брисел и затоа преку реконструкција ќе се обиде да интервенира токму во тие области.

Ќе пишува дека борбата против криминалот и корупцијата ќе треба да бидат многу посилни. Ова влада и самата признава дека во некои областа работите не се движеле како што треба и неслучајно, паралелно со очекување на извештајот од ЕК, премиерот најавува реконструкција на владата. Реконструкцијата се прави бидејќи во некои сегменти има застој, има слабости и таму каде ќе има смена на министри, пораката од тоа е дека таму имало слабости“, рече Исмет Рамадани, претседател на Евроатланскиот совет.

Рамадани и Ива Цоневска од Институтот за европска политика сметаат дека во фокусот на извештајот ќе бидат реформите во судството и администрацијата, како и добрососедските односи, за што владата ќе добие позитивни оценки. За разлика од Рамадани, кој очекува позитивен извештај, Цоневска смета дека препораката може повторно да биде условена.

Инаку, веднаш по објавувањето на извештајот на 17 април, на 18 и 19 април во Скопје ќе допатуваат високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

Анеса Салиху

Shpërndaj me

Loading...