fbpx

Одбраната на обвинетите во случајот ,,Рекет”, снимките од ,,Ла Верита”, кој денеска се презентираат во Кривичен суд, ги оценуваа како неавтентични. Според адвокатот на еден од обвинетите Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, лицето Јордан Камчев, кој ги доставил овие материјали до обвинителството, е осомничен во друг предмет и негова цел е неговиот клиент се прогласи за виновен.

Денешното рочиште за „Рекет“ не почна навреме поради задоцнетото спроведување во судот на Катица Јанева од домашен притвор, а во моментов има пауза, по што рочиштето ќе продолжи. Во судот денеска се пуштаат снимки што како докази ги доставил сведокот Јордан Камчев.

Обвинителката Вилма Рускоска претходно кажа дека овие разговори не се обезбедени со посебни истражни мерки.

-Самостојна интерпретација е дека стануваа збор за разговори меѓу Јордан Камчев и Бојан Јовановски, тоа не може да се утврди, реагираше адвокатот Дуковски. Своја забелешка имаше и обвинетиот Боки 13, кој истакна дека стануваа збор за груба аматерска монтажа.

-Не може да се користи нелегална снимка како доказ. Не може да се цени како доказ врз која ќе се заснова пресудата, додаде Дуковски.

 

Shpërndaj me

Loading...