fbpx

Расте бројот на мигранти кои преку Македонија сакаат да стигнат до некоја од европските земји.  Една од причините се и добрите временски услови во овој дел на годината,  но и лошата економска состојба во северна Африка и југоисточна Азија. Станува збор за економски мигранти, а не како на почетокот на кризата кога имаше мигранти кои бегаа од воените дејствија во Сирија и Авганистан.

„Ситуацијата е премногу  напната. Буквално Северна Африка Либија  Иран, Ирак веќе е многу нестабилна многу племиња водат меѓу себе војни. Има многу бегалски кампови во Иран,  со некаде 2,5 милиони бегалци.   Турција, политиката на г. Ердоган во врска со  спорот што го води со Европа, околу финансиските средства дека во секој момент може да ги пушти“, рече Владимир Пивоваров, Национален координатор за гранично интегрирано управување.

Зголемениот мигрантски бран се одвива во време на заразата од Ковид 19.

„Тоа е прашање што нив апсолутно не ги интересира, односно  тие сакаат по секоја цена да ја остварат нивната цел. Какви да има други заразни болести тие сепак повторно ќе продолжат да функционираат,  односно рутата која оди преку Македонија , балканската рута да ја поминат за да стасаат до посакуваната дистанца до Западна Европа“, додава Пивоваров.

Според податоците на МВР бројот на мигрантите е речиси пет пати поголем споредбено со истиот временски период од минатата година . Од 13 мај до 12 јуни спречени се 2,643 обиди  за илегални преминувања, од кои најголем број биле јужната граница.

Владата вчера донесе одлука да ја продолжи кризната состојба на одреден дел од територијата  на земјата.

Весна Велкова

Shpërndaj me

Loading...