Променливо облачно време со повремено засилен северен ветер ќе преовладува во текот на престојниот продолжен викенд.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат за недела попладне локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат од 6 до 14 степени, а дневните од 20 до 27 степени.

Понестабилно време се очекува во вторник и среда кога температурите ќе се намалат во просек за три до четири степени.

 

Shpërndaj me

Loading...