Во текот на последните 24 часа поднесени се 47 кривични пријави за непочитување на мерките на Владата. Бројот на тие кои го прекршиле полицискиот час е 46, од кои петмина била граѓани над 67 години. Полицијата контролирала 941 лице во задолжителна изолација, односно карантин и 2.752 во самоизолација, од кои само двајца не ја почитувале самоизолацијата. Четири пријави биле изречени против четири лица кои го прекршиле Законот за здравствена заштита.

„Полицајците во контролите на лицата во изолација и самоизолација откриле дека во два наврата две лица во самоизолација не биле во нивните домови. Во врска со мерката за движење, во текот на последните 24 часа во целата земја регистрирани се 47 лица кои не ја почитувале. Од нив 17 лица биле приведени, а за другиот дел се изготвени записници“, соопштуваат од МВР.

За првпат од воведувањето на полицискиот час во Тетово и Гостивар, вчера полицијата не регистрирале прекршување на ограничувањето за движење. За непочитување на полицискиот час, Основниот суд во Струмица пак, изрекол казни за 13 граѓани.

„ОЈО Струмица предложи 13 обвиненија за непочитување на препораките во текот на епидемијата што е казниво според член 206 став 1 од Кривичниот законик. Судот го прифати предлогот на Обвинителство и за 13 граѓани од Струмица се изречени казни од по 3.000 евра за секој од нив“, наведуваат од ЈО Струмица.

За разлика од вчера кога беа регистрирани 579 решенија за задолжителен карантин и 953 за самоизолација, во последното деноноќие, овие броеви се помали. Во цела земја имало наложен карантин за 101 лице, додека други 217 потпишале изјава за самоизолација. Во државен карантин се ставени 35 граѓани.

Еви Шкопи

Shpërndaj me

Loading...