Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. Зекири информира дека позитивни на коронавирус се и неговата сопруга како и неговото тримесечно бебе.

„И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас заедно со сопругата и мојата три месечна ќерка резултираме позитивни на тестирањето за КОВИД 19. За среќа јас немам никаков симптом но резултирав позитивен.Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате. Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција“, напиша Зекири.

Shpërndaj me

Loading...