Правниот експерт Насер Зибери во своето денешно гостување во  емисијата „360 Степени“ на Алсат рече дека ако сите домашни и меѓународни фактори се договорат изборите да се одржат во текот на летото, на ВМРО-ДПМНЕ ќе му требаат силни аргументи ако сака да ги  отфрли.

„Доколку сите елементи одат во прилог на идејата за организирање избори во евентуално пократок период од 21 јуни, ова би ги зголемило шансите и мотивите на владејачките партии да излезат на гласање. За ВМРО-ДПМНЕ ќе биде тешко да го одбрани ставот дека нема услови за одржување избори. Ќе им треба многу кондензиран алиби, политички и правно аргументиран, во однос на можноста да го отфрлат предлогот за организирање на изборите“, рече Зибери.

Shpërndaj me

Loading...