Нови  40 заразени од коронавирусот се регистрирани во земјава во последните 24 часа. Ова е најголем број на заболени од 16 април, кога во еден ден беа регистрирани 107 случаи. Од Министерството за здравство велат  дека граѓаните треба да ги почитуваат препораките и по олеснувањето на мерките.

„Денес се дијагностицирани 26 лица во Скопје, 10 во Тетово, 1 во Куманово, 1 во Прилеп, 1 во Велес и 1 во Битола“, соопштија од Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 56-годишниот пациент од Прилеп, кој бил  хоспитализиран од 12 мај,со што бројот на починати се искачи на 111.

За разлика од претходните денови, бројот на излекувани е помал. Излечени се 11 лица, и тоа од Скопје 2, Прилеп 4, Велес 2, Кочани 2 и Штип 1. “

Биле извршени 549 тестови, со што вкупниот број на тестови е на 23 316. Од 209 скрининг тестови кај вработените во градинките, позитивен е уште еден вработен во скопска градинка,  со што бројот на вработените во градинките позитивни  на КОВИД-19 се искачи на три.  Од почетокот на пандемијата во земјава се заразени 1898 , 1378 се излечени а 409 се активни случаи со Ковид-19.

Аднан Ќаили

Shpërndaj me

Loading...