Жените се свесни дека никој не е совршен и затоа без ников срам и стегање се обидуваат да го променат изгледот на своите партнери. Дури две третини од жените, кои само што почнале нова врска, би се обиделе да го променат мажот и со сигурност тоа го планираат.

На удар се изгледот и стилот на облекување на новиот партнер. Ова го тврди студијата спроведена во Велика Британија, според која, на мнозинството жени промената им успева во првите шест месеци.

Зошто е тоа така? Во потрага во партнер од соништата, жените се свесни дека никој не е совршен и дека врзувањето бара одреден компромис. Припадничките на поубавиот пол најчесто се незадоволни од изборот на облека кај партнерот (34% од нив), потоа од фризурата (22%) и што е навистина загрижувачки, од мирисот (9%).

За да го претворат во партнер од соништата мажот со кој се во врска, на жените им требаат просечно 192 дена, а во таа мисија многу често и самоиницијативно избираат облека за него. Тоа редовно го прават дури 48 отсто од жените кои во текот на една година на својот сакан му купуваат во просек 21 парче облека.

Интересно е дека мнозинството Британки како пример за стилски освестен маж го избираат фубалерот Дејвид Бекам. Пожелни убавци се и пејачот Гари Барлоу и ТВ водителите Дермот О’Лири и Марк Врајт, како и американската поп ѕвезда Џастин Тимберлејк.

 

Shpërndaj me

Loading...