fbpx

Знаете ли дека многу луѓе се плашат од кловнови? Овој страв не е игра, туку вистинска, реална фобија. Ама зошто е тоа така? Зошто нашминканите луѓе со перики се толку страшни за некого? Нивните чевли се преголеми, лицата им се смешни, панталоните им се шарени и нивната задача е да нè засмејуваат.

Научното име за страв од кловнови е каулрофобија. И еве зошто некои луѓе се плашат од нив. Според Сара Феребашчер, психолог чија специјалност е семејството, кловновите биле страшни и пред луѓето да почнат да се облекуваат како кловнови и да трчаат ноќе во шумите или да се појавуваат пред автомобилите на пустите патишта, а само за да ги исплашат другите луѓе.

„Иако кловновите би требале да се забавни, сепак постои нешто мрачно во нив“, додава Феребашчер. „Многу се гласни и како намерно да избираат одбојни комбинации на бои. Затоа ни денешните деца не сакаат да бидат како нив.“

Според Стивен Шолцман, психијатар од Харвард, „изместеното“ кловновско лице е тоа што ги плаши луѓето.

„Постои одреден аспект во стравот што Фројд го нарекува „опасен“, а се однесува на нешто што е доволно слично за да се препознае, ама доволно различно за од него да нè полазат морници. Кловновите треба да нè насмеат, ама во позадина секогаш постои страв дека нема да успеат во тоа.“

Со ова се сложува и Пол Салковскис, од болничкиот центар во Модсли.

„Маската му дава на кловнот нов идентитет – промена на лицето.“

Кловновите во популарната култура

Често пати тие се прикажани како страшни, често пати непријателски ликови, како на пример Џокер во „Бетмен“, куклата во „Сложувалка на стравот“ и други. Дури и мајсторот на хоророт, Стивен Кинг, ги прикажува кловновите како страшни суштества. Тој вели: „Ако видам кловн како шета под темен мост, би бил исплашен.

 

Shpërndaj me

Loading...