fbpx

Проблемот со дивата депонија на влезот на општина Липково остана нерешен и покрај тоа што ДУИ со години ја имаше локалната самоуправа, додека на централно ниво го водеше Министерството за животна средина. Овој отпад, кој мириса лошо на широк простор, е составен дел на жителите, дури и во екот на пандемијата, КОВИД 19.

Жителите велат дека вирусот поминува, но проблемот со отпадот останува.

„Да се отстрани, од тоа повеќе се разболуваш отколку од овој вирус. Ова има лек. Ова  го имаме цел свој живот“, вели еден од жителите.

Жителите  на Орланце, Грушина и Никуштак потенцираат дека ДУИ, која сега ги бара нивните гласови да избере премиер Албанец, никогаш не им помогнала.

„Пречи бидејќи смрди, најлонски кеси, ѓубре, сите лоши работи се таму. И секој пат кога ќе дува ветер, доаѓа тука во селото“…

„Од Лoјане, Ваксинце се носи отпадот овде. Останатите села имаат јами, Оризари, Слупчане, нека го фрлат на своето место, да не се носи тука, срамота, низ селото“, додаваат жителите.

Градоначалникот на Липково, Еркан Арифи, вели дека депонијата ќе биде затворена откако ќе се изгради фабриката за рециклирање на отпадот во северо-источниот регион.

„Ние сме во завршна фаза на експропријација на тие имоти. Депонијата треба да се затвори откако ќе се активира депонијата во Куманово, или фабриката за рециклирање на отпадот. Потребно е околу две години за изградба на објектот што е планиран помеѓу општина Куманово и Старо Нагоричани. Тоа е реалноста за сите нас“, вели Арифи.

Анеса Салиху

 

Shpërndaj me

Loading...