fbpx

Ерџан Ибиши вели дека повредите на лицето ги има од силните удари до несвестица, во полициската станица Куманово, додека тој бил врзан со лисици. Тој вели дека бил претепан од полицискиот службеник Стефан Михајловиќ, без никакво оправдување, во просториите на СВР Куманово на 9 август.

„Бев врзана со рацете од позади и штом седнав, тој дојде во тие моменти и почна да ме удира со тупаници по лицето“.

Според неговото сведочење и лицата кои го придружуваат, инцидентот се случил кога полициската патрола била повикана од обезбедување на казиното во центарот на градот. На 31-годишникот му било забрането да влегува во казино. Но, Ерџан вели дека не бил запрен на влезот од обезбедувањето и неговото приведување од полициските службеници се случило без никаков отпор или вербална расправа.

„Не, тој не се спротивстави само рече дека заминува и зошто веднаш ме апсите насила!? Мене ме извадија надвор и ме одведоа во станицата. Ме испрашуваше полицаецот кој го претепа Ерџан и тој ми рече зошто не излеговте веднаш надвор. Јас го прашав дали ни кажавте дека ни е забрането да влегуваме! Во другата келија слушнав врескање и удари“.

Ерџан вели дека во полициската станица бил задржан од два часот по полноќ до 5 часот наутро, а потоа со полициски автомобил бил оставен пред вратата на неговата куќа, во бесвест.

„Не можев да читам, дури го прашав мојот сосед кој работи во полиција од каде си! Значи сум бил во несвест, затоа потпишав. Ме прашаа дали ти треба лекар, реков не! Не сакав да дојде лекар затоа што тој ќе си ја заврши работата во корист на полицијата. Така подобро сам ќе одам кај приватен лекар.“

Следниот ден, Ерџан вели дека откако заминал на лекар, лекарите констатирале тешки телесни повреди. Тој денеска направил дополнителни прегледи, и му кажале дека ризикува да го изгуби слухот на левото уво. Тој тврди дека полицаецот Михаловиќ не напишал извештај за инцидентот во обид да го прикрие насилството. Семејството Ибиши ќе бара правда.

„Ќе го тужам Министерството и полицаецот. Адвокатот рече дека има основа затоа што тој не смеел ни да го допре, но тој бил брутално претепан, како да е роб“.

Случајот го истражува внатрешната контрола на СВР Куманово. Во исчекување на извештајот од МВР, за прекумерна употреба на сила, Алсат дознава дека настанот не бил пријавен ниту во дневниот билтен за полициската работа во МВР Скопје.

Adnan Qaili

Shpërndaj me

Loading...