Во обид да го негира сведочењето на обвинетиот Александар Василевски – Нинџа кој вчера за настаните од 27 април во судот изјави дека меѓу другите во партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ бил и генералниот секретар во Кабинетот на претседателот Борис Јосифовски, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов го потврди исказот на Нинџа.

„Јосифовски го побарав да дојде и да го свика кабинетот, кога ги видовме настаните на телевизија. ( А каде бил во меѓувреме ?) Сега видов дека бил во партијата“, рече Иванов.

Претседателот Иванов ги отфрли и шпекулациите дека добивал притисоци од меѓународниот фактор. За политичките и безбедносните кризи во последниве две години Иванов ја обвини УБК.

„Како Претседател на Република Македонија уште пред две години укажав дека УБК е главното жариште на генерирање на сите политички и безбедносни кризи во Република Македонија. И по три години од дијагнозата на Прибе, болеста не е отстранета“, рече Иванов.

Претседателот Иванов го демантираше сведочењето на Нинџа и наводите дека подготвувал воена состојба. Воена состојба се прогласува кога е нападната државата или е објавена војна, а на 27 април немавме ништо од тоа изјави Иванов.

„За давање лажен исказ кривично се одговара. Второ , ги охрабрувам сите оние кои ме обвинуваат да се обратат до надлежните институции: министерството за одбрана, агенцијата за разузнавање ,упшравата за контра разузнавање“, рече Иванов.

Во своето обраќање, Ианов за прв пат по подолго време дозволи прашања и се обиде вината за случувањата да ја префрли на актуелната влада. Инаку, и од Агенцијата за разузнавање ги отфрлија наводите на Александар Василевски Нинџа.

Иле Петревски

Shpërndaj me

Loading...