Ријасетот на ИВЗ ја откажа организацијата на традиционалната централна манифестација по повод Фитр Бајрам, објави Реисул-Улема на ИВЗ во РСМ Х.Сулејман еф. Реџепи.

Истовремено, ИВЗ ги донесе мерките што треба да се спроведат во секоја џамија во периодот што престои:​

– Сабах намаз да се обавува дома
– Обавувањето на намазот на Фитр Бајрам да не биде подолго од 15 минути;
– Максимално да се избегнат поздравите со физички контакт;
– Откажување од посета на гробишта;
– За време на Фитр Бајрам, традиционалните посети треба да бидат што е можно помалку;
– Дезинфекција на џамии;​
– Задолжително носење маска;​
– Чистење раце со средство за дезинфекција при влезот во џамијата или да се носи ракавици;​
– Секој верник треба да има лично сеџаде;​
– Што повеќе да се користат дворовите на џамиите за обавување на молитвите;​
– Меѓу верниците да се запази физичката дистанца колку што е можно повеќе;​
– Забрането е престој во групи пред или по обавување на молитвите во џамијата;
– Абдест да се зема дома – абдесхањата и тоалетите ќе бидат затворени; ​

Shpërndaj me

Loading...