fbpx

Од следната недела Владата ќе започне со именување на новите директори во јавните претпријатија. Премиерот Заев вели дека ќе се почне со назначувања, а постапките за отворање конкурси за директори, членови на управни и надзорни одбори треба да завршат до 15 октомври. За време на договорот за формирање на Владата, коалициските партнери се согласија да сменат некои од претпријатијата со кои досега управуваа. Па, така, овој мандат СДСМ ќе ги води државните патишта, поштата и Фондот за здравство, додека кадри на ДУИ ќе седнат во фотелјите во МЕПСО, Агенцијата за лекови и во Агенцијата за електронски комуникации.

Shpërndaj me

Loading...