fbpx

Дел од содржината на записникот од сведочењето на бизнисменот Јордан Камчев, кој го објави порталот „Инфомакс“ а потоа го презедоа повеќе медиуми, „ниту ги има во записникот, ниту пак произлегуваат од содржината на записникот“ тврди за Алсат добро упатен извор од јавното обвинителство. Ставот е директен одговор на прашањето- дали се точни наводите дека во записникот од сведочењето на Камчев се инкриминира и премиерот Зоран Заев и други политичари, како што објавија дел медиумите, а што не може да се види од единствената страница која е објавена од записникот. Алсат дознава и дека обвинителството веќе има некои сознанија од каде потекнува објавената копија, бидејќи „тој спис бил залепен на предмет“, што може да го донесе обвинителството до факт од каде е копиран или преснимен записникот.

Shpërndaj me

Loading...