fbpx

Струшката депонија денес е целосно изгасната. Чадот кој што повеќе од два месеци се ширеше кон градот и блиските населени и ги труеше граѓаните повеќе го нема. На депонијата веќе два дена интензивно се носи земја и песок со која се покрива депонијата, како мерка со која ќе се оневозможи повторно активирање на пожарот. Стружани денес дишат далеку почист воздух отколку изминатите денови.

И градоначалникот, Мустафа Забзун потврди дека депонијата е комплетно санирана.Најави дека наредбата недела ќе оствари средба со премиерот Заев, со цел да се утврди нова локација каде ќе се носи отпадот од градот. Тој вети дека депонијата ќе се дислоцира на најмалку 30 километри одалеченост од градот.

„Јас како градоначалник никогаш не сум ја сакал оваа депонија на ова место. Денеска разговарав со премиерот Заев и ми вети прием. Ќе разговараме со експертски тим од општината и државата за да можеме да најдеме локација која ќе биде во тек на наредната недела. Во меѓу време, отпадот ќе го оставаме на некое странично место на депонијата и веднаш потоа ќе го транспортираме до најблиското место кое ќе го определиме, бидејки не можеме сметот да го оставиме пред куќи на луѓето“, рече Мустафа Забзун- в.д градоначалник на Струга.

На прашањето на Алсат до Министерот без ресор , Разми Мерко, кој во два мандати беше градоначалник на Струга и пратеник во еден мандат, зошто тогаш не се реши ова прашање тој со одоговор.

„Од почеток и на мојот мандат како градоначалник ние работиме на регионалните депонии. Веќе има физибилити студија и технича документација на 480 страни. Има избрани и локации каде ќе бидат. До крај на годината според Југозападниот плански регион ќе има тендер за регионална депонија. И за брзо време оваа работа засекогаш ќе биде регулирана“, изјави Мерко.

Од граѓанската иницијатива „Доста е“ бараат од политичките партии да престанат со политизирање на овој настан.

„Ние добро знаеме како почна сето ова и кој го почна. Им честитаме на оваа акција на релевантните институции. Ова не е крајно решение. Бараме прво да се конзервира и да се сопре било какво одлагање на сметот на оваа депонија. Итно наоѓање ново место каде би се одлагал сметот најдоцна до среда“, рече Коста Хиохи- граѓанска иницијатива „Доста е“.

За среда се најавуваат нови  граѓански протести во Струга.

Мики Трајковски

Shpërndaj me

Loading...