fbpx

Додека минатата година 30% од граѓаните целосно беа против членството на Македонија во ЕУ, поради страв од промена на идентитетот, по јавната дебата со експерти и високи функционери, овој процент е намален на 19.6%. Во меѓувреме, околу 20% од граѓаните силно се против промена на уставното име на државата, бидејќи стравуваат за идентитетот, но ако називот на македонскиот народ и јазик не се загрозат, тогаш 41% од граѓаните би прифатиле промена на уставното име. Ова се само некои од резултатите од спроведената анкета на Институтот за европска политика.

Јавната дебата со граѓаните била реализирана во ноември лани, а на неа учествувале носители на високи државни функции, како и поранешни функционери, а пред дебатата биле анкетирани 1.200 граѓани од целата држава. Анкетата покажала дека вклучувањето на граѓаните во дебатата за членството на Македонија во ЕУ, сериозно влијае на нивната критичка мисла, па дури и во зголемувањето на нивната подготвеност во справување со придобивките и предизвиците од членството на земјата во ЕУ.

Вјолца Алити

Shpërndaj me

Loading...