fbpx

Иницијаторите за свикување на вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ не се задоволни од вчерашниот исход од состанокот на Централниот комитет во партијата на кој претседателот Мицкоски понуди да се свика вонреден конгрес, но тоа беше едногласно одбиено. Според нив, Мицкоски требало да си даде оставка.

Дури и оставката на Игор Јанушев од функцијата генерален секретар на партијата, според иницијаторите за конгрес е сомнителна и бараат појаснување.

Мицкоски пак, ваквите барања и критики ги опишува како напади од спротивставени партиски членови и од политички противници.

Од СДСМ оценуваат дека по вчерашниот Централен комитет на ВМРО, во таа партија ништо не се сменило.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа го одби барањето на Мицкоски за вонреден конгрес на кој тој не би се кандидирал. Партијата назначи и нови членови во Извршниот комитет, а ќе добие и нов генерален секретар зашто, како што самиот Мицкоски соопшти, Јанушев заминал од лични причини.

Фатлуме Дервиши

 

Shpërndaj me

Loading...