fbpx

Аферата со вработувањата ќе има негативно влијание врз процесот на евроинтеграција на земјата.

Во времето кога јунискиот самит на Европскиот совет е пред врата, земјата не само што треба да биде максимално посветена на завршувањето на реформите, туку и да не остави простор за вакви скандали, оценува Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика.

Во интервју за Алсат, Јорданова вели дека меѓутоа голема важност ќе има тоа како Антикорупциската комисија ќе ги реши овие прашања. Според Јорданова, Брисел, исто така, ќе го критикува и не учеството на опозицијата во реформските процеси.

Shpërndaj me

Loading...