Откако вчера обвинителката Вилма Русковска изјави дека Интерпол одбива да ја објави меѓународната потерница за екс-премиерот Никола Груевски, од најголемата меѓународната полициска организација со седиште во Лион, Франција, ја враќаат топката кај домашните институции во Скопје. На прашањето на Алсат зошто не ја објавуваат потерницата, како што тврди шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, од централата на Интерпол ни одговорија:

Седиште на Интерпол:

Дали или кога полицијата во која било од 194-те земји-членки на Интерпол споделува информација со Генералниот секретаријат во Лион поврзана со истраги или индивидуи, тогаш оваа информација останува во сопственост на таа земја-членка. Па така, Интерпол не коментира за конкретни случаи или индивидуи, освен во посебни околности и со одобрение на засегнатата земја-членка. Во однос на вашето барање, би ве советувале да ги контактирате соодветните домашни власти.“

Но, Русоска вчера рече дека последните информации што ги добила од Итерпол Македонија се дека централата на Интерпол во Лион не ја објавува потерницата без да образложи зошто. На објавување на потерницата за бегалецот Груевски, кој доби политички азил во Унгарија, нашите обвинители чекаат повеќе од два месеци. Интерпол не ја објавува ниту потерницата за екс-разузнавачот Никола Бошковски кој пребега во Грција. И двајцата се меѓу осомничените како организатори на упадот во Собранието на 27 април. Русковска потенцираше дека за пет лица кои беа опфатени со предмет за насилството во законодавниот дом, а кои беа недостапни за органите, тогаш без проблем Интерпол објави потерници.

Истрагата за организаторите на „крвавиот четврток“ сѐ уште трае, но Рускоска рече дека привршува. Таа претходно најави дека е можно да поднесе обвинение до крајот на мај.

Shpërndaj me

Loading...