fbpx

Иран соопшти дека поканила американски и други меѓународни експерти да помогнат во истрагата за падот на украинскиот авион што деновиве се случи во близина на аеродромот во Техеран при што загинаа 176 луѓе. До ова доаѓа откако американски, канадски и британски официјални лица изјавија дека е „многу можно“ украинскиот авион да бил соборен, веројатно по грешка со иранска ракета.

Ирански официјални претставници отфрлаат дека нивните сили го собориле авионот од типот Боинг 737-800 и побараа од западните земји да споделат разузнавачка информација која го докажува тоа. Според меѓународните правила, американската Национална агенција за безбедност во сообраќајот треба да учествува во истрагата, бидејќи во несреќата било вклучено летало Боинг кое е дизајнирано и произведено во САД.

Shpërndaj me

Loading...