fbpx

Новата влада не треба да чека ниедна минута, туку треба да се фати за работа и да го реши проблемот со дивите депонии. Тоа требало да се реши одамна, но немало волја ниту кај општините, ниту кај централната власт, смета во изјава за Алсат експертот по екологија, Муртезан Исмаили.

“Овие планови не се од денеска, овие планови се постари од мене. Апсурдно е да слушаш во 21 век дека немаме планови за реализација. Проблемите со отпадот во Македонија, па и во регионот се евидентни, но особено кај нас, каде освен Дрисла, ниедна друга депонија не ги исполнува предвидените законски стандарди. Решавањето на овој проблем не е лесно, но е можно, само е потребен посериозен пристап од општините и секоја од нив да даде свој придонес во управувањето со отпад, инфраструктурата и снабдувањето со вода. Ова се трите најважни елементи кои ги очекува народот, но ако општината и владата не работат за интересите на народот, тогаш не знам што може да чекаме повеќе.” – изјави Муртезан Исмаили, експерт

Shpërndaj me

Loading...