Идејата на ДУИ за промена на националната химна на Македонија во државен симбол со одраз на мултиетничкиот карактер на земјата, според истражувачите, претставува задоцнето и празно ветување. Историчарот Ќерим Лита вели дека времето на оваа идеја било во 2001 година паралелно со Охридскиот договор. Лита додава дека оваа постапка на ДУИ докажува дека нема квалитетна изборна програма.

„Ова е задоцнето, не малку, туку многу. Требаше да се направи во 2001 година кога беше постигнат Охридскиот рамковен договор. Оваа политичка гарнитура која дојде на власт како резултат на војната и што денеска и по 20 години манипулирање со Албанците, се обидува уште еднаш со вакви мали проекти да ги манипулира Албанците, мислам дека дојде време оваа гарнитура да оди во опозиција“, рече Ќерим Лита, историчар.

За да докаже колку е несериозна оваа идеја, Лита ја споредува измената на химната со идејата на ДУИ од 2014 година кога партијата на Али Ахмети ја бранеше промената на грбот со лавот на ВМРО, нарекувајќи го лавот фигура која исто така содржи и албански елементи.

„Овој национализам на ДУИ е сомнителен. Се сеќавам на 2013-2014 година кога беше предложено од Владата на ВМРО-ДУИ промена на грбот на Македонија, таа гарнитура предводена од ДУИ ангажираше некои псевдо-историчари од Албанија кои дојдоа во Скопје и го промовираа лавот како албанска фигура, лавот на ВМРО, еднаш бугаро-македонците, а потоа и Македонците во име на лавот, извршија злосторства против албанскиот народ“, додава Лита.

Државните симболи се уставни категории кои се заштитени со членот 5 од Уставот. За измена и дополнување на законот за употреба на грбот, знамето и химната, потребни се 2/3 од гласовите. Меѓународните пракси покажуваат дека за промена на клучните државни атрибути се организирани и референдуми.

Адриан Керими

 

Shpërndaj me

Loading...